Физички нападнат малолетник во Дебар

Вчера попладне неколку лица нападнале малолетни, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
- Во 16:30 часот, во дебарското одделение за внатрешни работи е пријавено дека, на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Дебар, неколку лица, физички нападнале малолетник од Дебар. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, додаде Димовски.
Исто така информираше дека вчера во периодот од13 до 19 часот, на подрачјето на СВР Охрид е спроведена засилена сообраќајна контрола.
- Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 87 возачи кои во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив 17 во Охрид 48 во Струга, 18 во Кичево и четворица во Дебар.
Ново на Сител
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
-

Рокас: Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати
