Фитосанитарната инспекција на Србија на преминот Прешево ќе работи и во недела
Граничната фитосанитарна инспекција на Србија на преминот Прешево од денеска ќе работат седум дена во неделата, наместо шест како досега. Оваа одлука на Србија произлезе од првиот одржан состанок на Мешовитиот комитет на Република Македонија и Република Србија.
Македонското министерство за земјоделство соопшти дека на состанокот било договорено да се усогласи работното време на граничните фитосанитарни инспектори на Македонија и Србија на граничниот премин Прешево-Табановце.
Согласно ова, отсега фитосанитарната инспекција на Србија на граничниот премин Прешево ќе работи од 7 до 19 часот, седум дена во неделата. Српските надлежни служби информираат дека доколку се овозможат услови за ноќна работа на овој граничен премин, ќе има и 24-часовно работно време.
- Оваа одлука е важна за македонските извозници, кои досега не можеа да вршат извоз на производи преку овој граничен премин во недела и ова беше едно од барањето од македонска страна, велат од македонското Министерство за земјоделство.
Оттаму информираат дека Комитетот на двете држави е во постојана комуникација и за останатите отворени прашања поврзани со меѓусебната трговија со цел да се олесни протокот на стоки.
Минатата недела се одржа првиот состанок на Мешовитиот комитет на којшто беше договорено интензивирање на контактите во рамки на Комитетот на експертско ниво во институциите и размена на информации околу конкретни спогодби во делот на трговијата меѓу двете држави.
Од Министерството за земјоделство истакнуваат дека Комитетот треба да ја преиспитува и оправданоста на маркичките на брашното и ќе разговара за евентуално нивно укинување, доколку за тоа се согласат стопанските комори од Македонија и Србија.
Македонската делегација во Комитетот ја претставуваат седум членови од Министерството за земјоделство, Царинската управа, Државниот инспекторат за земјоделство, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и стопанственици.
Следниот состанок на Мешовитиот комитет е планирано да се одржи следната недела во Скопје.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје