Фишер: Логично е проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан
Проширувањето на ЕУ од 28 на 34 држави членки, со пристапување на шест држави од Западен Балкан, е логично и одговара на реалноста, оцени денеска во Приштина претсеателот на Австрија Хајнц Фишер.
Во обраќање во собранието, Фишер рече дека Австрија смета дека е пожелно да се интегрираат државите од Западен Балкан во Европската унија.
Тој сепак, нагласи дека тоа е поврзано со услови како што е владеење на правото и борбата против корупцијата.
Фишер го повика Косово да стане дел од тоа семејство истакнувајќи дека Австрија има одговорен однос спрема Косово и се надева на брза европска интеграција.
Тој се осврна и на актуелните тензии на политичката сцена на Косово, апелирајќи на соработка на сите партии.
– Ниту еден политички систем не е совршен, но демократијата може да се развие, оцени Фишер повикувајќи ги пратениците да ја спознаат шансата за европска интеграција.
Ново на Сител
-
Град Скопје го објави јавниот повик за субвенции за купување инвертер клима уреди
-
Шилегов: Не може за 3 години да поправиме се што било уништено во претходните 12
-
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што СДСМ ги фали инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ, лошо е што не донесе ниту една нова
-
Во Индија се појави тројно мутиран вид на коронавирусот
-
Протест во Атина за зајакнување на јавното здравје
-
Српската опозиција со афера за Палма за подведување на малолетнички
-
Фатиме Фетаи избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје
-
ДИК усвои Стратешки план за работа за периодот 2021-2024 година