Свет
13. јуни 2022 - 18:26

Финскиот претседател: Русија користи оружје за масовно уништување

Финскиот претседател Саули Нинисто изјави дека двете страни во војната во Украина користат тешко оружје, додека Русија користи и термобарични бомби.

– Испраќаме сè потешко оружје во Украина. Од друга страна, Русија исто така почна да користи многу моќно оружје, термобарични бомби кои всушност се оружје за масовно уништување, рече Нинисто.

Украина и земјите од НАТО претходно ја обвинија Русија дека користи високо деструктивни термобарични бомби, познати и како вакуум бомби. Амнести интернешнал информира дека Русија користела забранети касетни бомби во Харков.