-->
-->
Финска: Околу 1.400 кандидати за азил осомничени за криминални дела
-->
Илјада триста и деведесет кандидати за азил во Финска се осомничени во различни криминални дела во првите шест месеци од 2017 година, соопшти финската полиција.
Според статистиката, најчести криминални дела се кражби и закани. Во првата половина од оваа година во Финска пристигнале 2.500 кандидати за азил, илјада помалку од минатата година во тој период.
Неделно во Финска има меѓу 30 и 100 баратели на азил, најмногу од Сирија, Ирак, Еритреја и Авганистан, наведува полицијата.
Околу 10 илјади мигранти очекуваат одлука на финските власти дали ќе добијат право на азил. Од почетокот на годината биле депортирани 2.100 луѓе на кои не им била одобрена молбата за азил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Трипедвајзор“: Најдобрите европски плажи за 2025 година
-
Маск: Зеленски „се храни од мртвите тела на војниците“
-
Чешката скијачка Нова веќе не е во кома
-
Хамилтон: И да освојам титула нема да застанам тука
-
18 илјади сообраќајни казни од почетокот на февруари
-
Рубиалес парично казнет за бакнувањето фудбалерка
-
Можна градска пресметка Реал Мадрид – Атлетико во осминафиналето во ЛШ
-
Билјана Каракашева Шулев нова заменик претседателка на ДКСК