Финансиска полиција поднесе кривична против поранешниот штипски градоначалник
Државниот буџет е оштетен со 25,9 милиони денари откако на штипската фирма „Коле Транс“ и било овозможено бесправно користење песок од коритото на Брегалница , а заради тоа Финансиската полиција денеска поднесе кривични пријави против поранешен градоначалник на Штип, со иницијали И.З., и директор на ЈП Стипион, И.И.
Против И.З и И.И е поднесена пријава за „злоупотреба на службената положба и овластувања“, а пријава за „перење пари“ против Р.Г. управител и сопственик на фирмата „Коле транс“ Штип.
Како што соопшти Управата за финансиска полиција, И.З., без да објави повик за јавна набавка за чистење на коритото на река Брегалница, на предлог на Советот на општината, иако знаел дека ЈП „Стипион 2011“ нема капацитети за вадење песок, донел одлука за сметка на општината како корисник на дозволата, јавното претпријатие да изврши регулација и уредување на речното корито кај село Софилари, а неискористениот речен материјал да го искористи за редовно и зимско одржување на локалните патишта и улици, појаснува Управата за финансиска полиција.
Оттаму информираат дека, И.И. знаејќи оти јавното претпријатие не е надлежно за тој вид услуги, ниту, пак, има капацитет со механизација да ја изврши услугата и наместо да распише јавна набавка, со непосредна спогодба ги исклучил останатите економски оператори и склучил Меморандум за соработка со кој на пријавениот Р.Г. му овозможил бесправно да искористи 42.814,57 метри кубни песок од коритото на Брегалница по пазарна цена од 600 денари за тон во вкупна вредност од 25.941.348 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија.
Р.Г.,пак, со намера да го прикрие потеклото на противправно стекнатите пари прибавени со казниво дело, ги инвестирал во купување удел во Друштво за хотелиерство, туризам и угостителство ПЕЛА ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со што го сторил кривичното дело „перење на пари и други приноси од казниво дело“
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО