Македонија
12. јуни 2017 - 16:59

FINANCIAL TIMES: Македонија ја разгледува можност да стане дел од НАТО под привремената референца

Македонија ја разгледува можност да стане дел од НАТО под привремената рефенеца. Ова во изјава за „Фаненшал тајмс“ го најавил новиот министер за надворешни, Никола Димитров, потенцирајќи дека членството во НАТО би помогнало да се смират состојбите на Балканот и да се намали опасноста од крвопролевање во регионот.

– Ќе ја прашаме Грција каков вид на сосед сака. Дали сака стабилна, пријателска држава која нуди надеж, демократија и правда? Ако ние бидеме добар сосед на Грција, можеби грчките политички сили ќе сфатат дека ова ни се пружа историска можност, изјавил Димитров за Фајненшл Тајмс.

Оваа изјава на Димитров доаѓа два дена пред неговата официјална посета на Атина, како и по последната изјава на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, кој недовсмислено порача дека членството во НАТО е можно само преку решение за името... 

Инаку, во текстот, угледниот „Фаненшал тајмс“ пипшува дека владата во Грција смета дека новата македонска Влада е по-кооперативна од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и според тоа има надеж за оптимизам дека може да се разреши спорот, но во исто време Атина предупредува дека нема да и се брза да се постигне било каков договор.

Димитров за „Фајненшл Тајмс“ вели дека каков било договор за ново име за Македонија ќе биде ставен на референдум и ќе биде предмет на меѓупартиски договори. 

– На многу делови од Балканот има луѓе кои сметаат дека има можност да се сменат пост-југословенските договори. Приемот на Македонија во НАТО може да има смирувачки ефект на регионот, изјавил Димитров.

Според Фајненшл Тајмс, причината што западните земји станале порешителни во плановите да се прими Македонија во НАТО е што Русија почнала погресивно да се меша на Балканот, пред се со обидот за државен удар во Црна Гора минатата година.

Инаку денешниот текст на „Фаненшал Тајмпс“ првично имаше наслов „Македонија прелага промена на името во обид да му се приклучи на НАТО“, но неколку часа подоцна го смени насловот во „Македонија размислува да го користи привременото име за да влезе во НАТО“.

Првиот наслов предизвика серија негативни коментари во Скопје, во исто време додека владина делегација на чело со премиерот Зоран Заев е во посета на Брисел на средби во НАТО и седиштето на ЕУ.

Промената на насловот на текстот дојде по реакцијата на македонското МНР