„FinanceThink“: Плата во плико најмногу земаат вработените осигурени на минимална плата
Анализа направена од „FinanceThink“ покажува дека 17,8 проценти од работниците во државата, кои имаат формален договор за вработување, добиле плата во плико односно плата на рака.
Најпогодени се работниците кои земаат минимална плата, односно 62 проценти од вработените кои се осигурени на минимална плата, добиле плата во плико. Притоа, во просек, платата во плико изнесува скоро исто колку и формалната плата на сметка.
– Ова укажува дека постојат сектори и занимања кај кои постои тенденција договорот за вработување да се склучи на минимална плата, со истовремен формален договор, остатокот од платата да се добива во готовина, се наведува во анализата на „FinanceThink“ за квалитетот на живот во 2017 година.
Гледано по занимања, анкетата покажува дека 23,2 проценти од мајсторите во металната, машинската, текстилната и прехранбената струка и 21,5 проценти од вработените во услужните дејности примаат плата во плико. До сличен заклучок се доаѓа и ако платата во плико се набљудува низ призма на секторите на дејствување. Така, платата во плико е најзастапена кај работниците во градежништвото со 28 проценти.
Платата во плико не е карактеристична само за одредена возраст, на вработени, но интересно е тоа што давањето на ваква плата е повеќе застапено кај жените, отколку кај мажите.
Највисоки плати во плико примаат работниците во скопскиот регион, а најмногу плата во плико се исплаќа во Пелагонискиот регион (42 проценти). Висок е и процентот на исплата на плата во плико и во југоисточниот и скопскиот регион.
Платата во плико е плата исплатена во готово врз основа на неформален устен договор меѓу работникот и работодавачот. Со ваквото исплаќање на платата, работодавачите заштедуваат во износот на даноци и социјални придонеси што се плаќаат во државата.
Според „FinanceThink“, решавањето на овој проблем бара долгорочен напор насочен кон градење договор меѓу државата, работодавачите и работниците, а за да се намали и искорени оваа појава потребни се мерки на казнивост и мерки на мотивација и едукација.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време