Finance Think: Во третиот квартал БДП порасна за три отсто
Во третиот квартал од 2018 година БДП порасна за три отсто на годишна основа. Иако овој раст е се уште под потенцијалот на економијата, тој укажува на блага стабилизација на економската активност по продолжениот период на политичка неизвеност, пишува во „Макроекономскиот монитор за третиот квартал“ што го публикуваше Finance Think.
-И понатаму, двигател на економијата остануваат извозната активност и финалната потрошувачка. Особено, растот на потрошувачката на домаќинствата останува детерминиран од растот на платите – во дел одреден и од зголемувањето на минималната плата, потоа од растот на кредитите на населението и на дознаките. Сепак, падот на бруто инвестициите и понатаму ја одразува значителната воздржаност на инвеститорите, како и застојот сврзан со реализацијата на државните капитални инвестиции. На производната страна, растот е на поширокопојасна основа споредено со претходно, се порачува во публикацијата.
За стапката на невработеност се посочува дека забележа понатамошно намалување до 20,8 отсто.
-Темпото на намалување на невработеноста е слично како во претходниот период. Падот на невработеноста главно се должи на исцрпување на ефектите од претходните политики: вработувањата во странските фабрики (пораст на вработеноста во преработувачката индустрија) и активните мерки за вработување, се вели во публикацијата.
Согласно ваквите движења и очекуваните движења и политики во 2019 година Finance Think проектира стапка на раст на БДП од 3,3 отсто за 2019 година.
-Основните претпоставки на оваа проекција вклучуваат стабилизација и намалување на политичките неизвесности, продолжување на приливот на странски инвестиции, забрзување на реализацијата на капиталните инвестиции на државата, како и отсуство на позначајни нарушувања во надворешната побарувачка, велат од Finance Think.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате
-

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа
-

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради Задушница
-

Германски авиони ќе учествуваат во мисијата на НАТО „Арктичка стража“
-

Кос: ЕУ би можела да одбие Србија да има пристап до средства од пакетот од 1,6 милијарди евра
-

Апел за донации: Потребна е итна помош за лекувањето на осумгодишната Ана
-

Одбраната ја оспорува темелноста на вештачењето за „Онкологија“, судењето продолжува на 4 март

