FINANCE THINK: Секој 4. вработен во државава работи прекувремено
Секој четврти вработен во државава работи прекувремено. Ова го покажува анкетата на Finance Think објавена во пресрет на денот на трудот. Истражувањето покажало дека работниците кои земаат минималец за четири недели, со прекувремените саати одработуваат уште една дополнителна недела. Мажите пак многу почесто и подолго работат надвор од работното време. Ваквата работа е најзастапена кај ромите.
Но, во истражувањето не е опфатено дали работниците биле платени за прекувремената работа.
Законот за работни односи дозволува прекувремена работа велат од Организацијата на работодавачи. Но само дополнителни 8 часа за една недела кои треба да бидат платени согласно општиот колективен договор.
Прекувремената работа ќе биде едно од барањата кои синдикалците ќе ги испорачаат до Владата за време на првомајскиот протест.
Протестот ќе почне од пред седиштето на ССМ, додека Независните синдикати ќе тргнат од пред МРТ. Двата синдикати ќе се спојат пред Владата.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар