Финализиран Договорот од Пржино
Лидерската средба помеѓу ВМРО -ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ И ДПА, која почна вчера попладне за Договорот од Пржино заврши со успех. Избори ќе има на 24 април, усогласен е Законот за Влада, изборниот закон, законот за „свиркачите“, закон за заштита на приватноста, а договорени се и новите министри и заменици од редовите на опозицијата.
По средбата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски изрази задоволство од договореното и рече дека нивна стратешка цел била избори да има на 24 април.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата рече дека е постигнат договор кој денеска треба да биде формално правно легализиран во закон во влада во кој се дефинираат надлежностите на замениците.
Според договореното министер за внатрешни работи треба да биде Оливер Спасовски, за труд и социјална политика Фросина Ременски, додека за заменици договорено е во информатичко општество да биде Александар Кирацовски, во финансии Кире Наумов и во земјоделство, шумарство и водостопанство Љупло Николовски.
Договореното на лидерската средба денеска ќе биде разгледано на партиските работни групи.
Ново на Сител
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот
-
Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО
-
Приведен 40-годишник, се заканувал на сограѓанин
-
На лекување во странство и во домашните болници има 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба, вели Клековски
-
До недела топло, утре и задутре развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи
-
На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер