-->
-->
Филмски фестивал за 60 години од Унгарската револуција
-->

Со документарниот филм „Играј ја својата игра“, во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде отворен Филмскиот фестивал „Слобода и љубов“ посветен на 60-годишнината од Унгарската револуција (1956).
На фестивалот ќе бидат прикажани неколку историски филмови, меѓу кои и „Синот на Саул“, кој лани освои Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје.
На првиот фестивалски ден тема ќе биде самата револуција, но и бегалците кои биле стационирани во Македонија, во Крушево, и ќе биде прикажан филмот „Крушевските Унгарци“. Вториот ден, како што е најавено, гостин на Кинотеката ќе биде најпопуларниот унгарски актер Шанадор Чањи.
За време на фестивалот „Слобода и љубов“ ќе биде поставена и изложба за настаните во 1956 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
-

Червар: Правилата мора за се променат
-

Иран за првпат потврди: За време на сузбивањето на антирежимските протести апсени и деца
-

Спомен-обележјето за загинатите во пожарот во „Пулс“ ќе се гради на бараната локација
-

Почина Кетрин О’Хара, ѕвездата од „Сам дома“
-

Граѓаните од струмичко од понеделник можат да поднесуваат барања за проценка на штетата направена поради поплавите
