Филмска вечер „Лица, спомени“

Во организација на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица вечер ќе се одржи проекција на три кусометражни филмови во режија на Горан Тренчовски. Филмската вечер е насловена „Лица, спомени“.
Филмовите на Тренчовски се оценети како инвентивни и модерни филмски производи во полето на краткиот и документарниот аудиовизуелен израз и се прикажувани на голем број меѓународни фестивали. Во нив може да се препознаат лицата на четгворица еминентни македонски актери: Кирил Здравески, Зора Георгиева, Ристо и Васил Шишкови. Сите четворица се поврзани со Струмица и нивните актерски остварувања оставија длабоки траги не само во македонското туку и во меѓународното културолошко милје.
Режисерот Тренчовски наскоро треба да започне со снимање на долгометражниот игран филм под работен наслов „Златна петорка“.
Ново на Сител
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
