Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ селектиран на „Софија Митингс“

Проектот за долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ влезе во официјалната селекција на проекти кои ќе бидат презентирани на 13-от копродукциски форум „Софија Митингс“ во март во Бугарија.
Филмот ја раскажува приказната за Јон Вардар, млад неталентиран актер кој е киднапиран од самобендисан робот со наполеонов комплекс по име Зарк. Судбината на целата галаксија е во рацете на овие два антихеројски лика. Нивната авантура е исполнета со многу смешни ситуации кои ќе и се допаднат и на помладата публика, но и на сите љубители на научната фантастика.
Сценариото и режијата се на Гоце Цветановски, а арт дирекцијата е на Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. Филмот е во продукција на „Линкс Студио“.
- Искрено се надевам дека ова ќе биде првиот македонски долгометражен анимиран филм. На Македонија и требаат проекти од ваков тип, комедии наменети за помладата публика и со огромен меѓународен потенцијал. Веќе сме во преговори со повеќе дистрибутери кои сакаат да ги откупат правата за филмот, како и споредните права за производство на видео игри и играчки инспирирани од приказната. Голем придонес за ова има уникатниот стил на Тхе Мичо, квалитетот на сработените презентативни материјали, но и големата ангажираност на менаџерите и нашиот тим околу пласирањето на проектот низ целиот свет, изјави авторот на сценариото Гоце Цветановски.
Ново на Сител
-

Франција забрани социјални медиуми за лица под 15 години
-

Мицкоски на увид на инфраструктурни проекти во Општина Гази Баба
-

Фон дер Лајен: Ништо не може да го оправда едно од најмрачните поглавја во историјата на Европа - Холокаустот
-

Трамп: Царините за јужнокорејските стоки ќе се зголемат на 25 отсто
-

Македонија - нова туристичка ѕвезда во 2026 година | ВИДЕО
-

Повремен дожд и разведрување попладне
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
