Филков: Интерпелацијата за Коцевски е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите

Не мислам дека е добро кој било именуван функционер да ја игнорира волјата на граѓаните изразена преку нивните претставници во Законодавниот дом, порачува министерот за правда Игор Филков.
Тој во интервју за Пресс24.мк вели интерпелацијата за јавниот обвинител Љупчо Коцевски е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите.
-Не мислам дека е добро било кој именуван функционер да ја игнорира волјата на граѓаните изразена преку нивните претставници во Законодавниот дом. Наш приоритет е враќањето на довербата во правосудниот систем и зачувување на неговата независност и интегритет. Како Влада, сме цврсто решени да не дозволиме обвинителството да биде перципирано, а уште помалку да функционира како инструмент на било која политичка партија. Обвинителството мора да биде независно, професионално и ослободено од било какви притисоци, без разлика од каде доаѓаат, наведува Филков во интервјуто.
Според него, неодговорени останаа голем број случаи, особено оние што се однесуваат на висока корупција, што уште повеќе ја поттикнува перцепцијата дека правдата се применува селективно. Тоа, нагласува Филков, директно го нарушува кредибилитетот на обвинителството.
МИА
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
