Свет
23. December 2017 - 13:23

Филипини: 133 лица загинати, а десетици се водат за исченати од тропската бура

Се зголемува бројот на жртвите од тропската бура, која вчера го зафати јужниот дел на филипинскиот остров Минданао. Според новите официјални податоци, 133 лица загинаа, а неколку десетици сè уште се водат за исчезнати. 

Претходно беше соопштено дека  околу 90 лица загинале од лизгањето на земјиштето и големите поплави предизвикани од стихијата. Над 15.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Прекината е електричната енергија, како и комуникациите со погодениот регион, а тоа ги комплицира спасувачките операции во кои учествуваат спасители, војници, полицајци и доброволци.

Невремето, било носено со ветрови со брзина до 80 километри на час. Бурата се движи во западна насока и се очекува до понеделник да се оддалечи од Филипините.