Филипче: Во тек се подготовките за распишување 30 огласи за специјалистички ординации
Во тек се подготовките за распишување 30 огласи врз основа на критериумите што е тоа што недостига како специјалистичка ординација…Ќе бидат распишани во периодот кој следи. Дополнителна бројка согласно проценката за буџет за 2020 година ќе се одреди за следната година, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Тоа што досега го чекавме со оглед на тоа што огромен број специјалистички ординации бараа да влезат во здравствената мрежа, а тоа значи дека имаат можност да работат со Фондот за здравствено осигурување беше ослободувањето на аптеките од квотите каде се направи првична проценка и се резервираа одредена сума средства за тоа каде евентуално треба да се интервенира, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар