Филипче: Вакцината на „АстраЗенека“ нема да се дава на лица помлади од 60 години

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче истакна дека утринава се разговарало за ставот на ЕМА за вакцината на АстраЗенека и донесена е одлука да не се дава на лица помлади од 60 години.
-Утрово разговараме за ставот на европската агенција за лекови во врска со безбедноста на АстраЗенека. После евалуацијата на сите тие несакани ефекти бордот излезе со две препораки: тие не сакани ефекти треба да влезат во упатството и второ секоја држава да заземе став. Донесовме став вакцината на „АстраЗенека“ да не се дава на помлади лица од 60 години во нашата земја. Нема препораки за претпазливост по однос на оние кои веќе ја примиле, а за ревакцинацијата за оние кои веќе се вакцинирани со оваа вакцина нема став. Ќе ги пратиме насоките и ќе донесеме став во следниот период, истакна министерот Венко Филипче.
Во однос на тие што веќе добија една доза во србија, нема препораки за било каква претпазливост. Во однос на ревакцина треба да дојдат за периодот од 3 месеци, кажа Филипче.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
