Македонија
28. May 2021 - 13:27

Филипче: Се разгледува можноста за вакцинирање деца од 12 до 16 години

Македонија следната недела очекуваат 20.000 вакцини донација од Грција и 50.000 од Бугарија. Дополнително во јуни пристигнуваат вакцини преку Ковакс, но и кинески вакцини, информира денеска министерот Венко Филипче.

- Во следниот период ќе се разгледува можноста за вакцинирање деца од 12 до 16 години, откако САД го дозволи тоа со „Фајзер“ вакцината, со цел учениците да се вратат во училиште од 1 септември, појасни тој.