Филипче: Се бара решение за блокирањето на сметката на Гинекологија
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека попладнево ќе се сретне со директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство Викторија Јовановска и со претставници од Министерството за финансии, во врска со блокирањето на сметката на Клиниката, поради исплата на извршни судски решенија.
- Одлуката за симнување пари од сметката по тужба за некој случај кој бил во 2008 година не затекна и нас. Тоа е сума на средства која не е предвидена во буџетот на Клиниката. За таа цел попладнево ќе имаме средба со директорката на институцијата и со луѓе од Министерството за финансии за да ги разгледаме сите околности и да знаеме кои следни чекори да ги преземе, рече Филипче пред почетокот на свечениот собир по повод Светскиот ден на здравјето.
Појасни дека секоја јавна здравствена институција има право на донациска посебна сметка.
Министерот за здравство рече дека ќе се сретне со лекарите од општа медицина и додаде оти средбата е закажана денеска во 15 часот.
На новинарско прашање дека има реакции од граѓаните за лековите во аптеките, односно дека поскапуваат место да поевтинат, Филипче изјави дека може да настанала разлика само во многу мал број на лекови.
- Фондот има обврска да ги прати со своите референтни цени единствените цени кои ние ги детерминиравме во Министерството и веројатно станува збор за разлика од неколку денови додека тие цени не се усогласат. Ќе има поевтинување на сите лекови како што најавивме, рече Филипче.
Прашан до каде е случајот со родилката која неодамна почина во приватната болница „Санте плус“, Филипче кажа дека Министерството за здравство ја завршило својата работа, се формираше комисија и понатаму, како што рече, случајот го презеде Основното јавно обвинителство
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени