Филипче: Само заеднички може да успееме во оваа битка и да го спречиме ширењето на коронавирусот
Само заеднички може да успееме во оваа битка и да го спречиме ширењето на коронавирусот, напиша вечерва на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој апелира сите да се придржуваме до мерките за заштита.
– Да носиме заштитна опрема, да одржуваме физичка дистанца и често да ги миеме рацете. Успешно се справивме со првиот бран, верувам дека и овој пат ќе донесеме правилни одлуки и побрзо ќе го спречиме ширењето на вирусот, напиша Филипче по одлуката на Владата за воведување засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот Скопје и околните скопски општини, како и во Куманово, Липково, Штип и Карбинци, Тетово, и околните тетовски општини, и по донесениот заклучок, предлогот за воведување рестриктивни мерки повторно да биде разгледан во Комисијата за заразни болести.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
