Филипче: Разговаравме со претставниците на „Мерк“ за новиот антивирусен лек
Разговаравме со претставниците на компанијата „Мерк“ за новиот антивирусен лек. Тоа е антивирусен лек со кој компанијата е најнапред отидена со студиите, кои практично се завршени. Освен оваа, и компанијата „Фајзер“ развива ваков антивирусен лек. Станува збор за лекови кои никако не ја менуваат вакцината, туку може да се дадат по дијагностицирање на болеста со соодветна индикација и кои се уште не се одобрени, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
При тоа, посочи тој, за лекот на „Мерк“ се завршени клиничките студии и Американската агенција за лекови на 30 ноември треба да има состанок на кој ќе го каже ставот во однос на дозволата за употреба.
– Ние на некој начин изразивме интерес за да има некаква форма на пререзервација на одредени количества за нашите пациенти во најкраток можен период, откако ќе завршат сите административни процедури. Клиничките студии на овој ист тип лек од компанијата „Фајзер“ не се се уште завршени. Веројатно ќе завршат во следните неколку недели, рече Филипче.
Во врска со Европскиот ковид сертификат, министерот истакна дека детална презентација ќе направат во петок.
– Имаме подготвена анимација со видео како се симнува, како се користи сертификатот од сајтот vakcinacija.mk, скенирање на кодот во двете апликации и за ајфон и за гугл системот преку апликација… Тоа е сертификат кој е целосно признат во сите земји од ЕУ, нешто на што интензивно работевме со „Ајфон“ и „Гугл“ за да се верифицираат тие апликации. Тие се веќе достапни за нашите граѓани, може да се симнат на мобилните телефони, но детално ќе објасниме в петок, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
Штрајк на вработените во судството во Србија
-
Претпладне сончево и топло, попладне краткотраен дожд и ретки грмежи
-
Претседателот на Малдивите светски рекордер - држеше 14 часа 54 минути прес конференција
-
33-годишен мотоциклист загина во сообраќајка на патот Дебар - Струга
-
Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот