Филипче пред средбата со Мицкоски: Очекувам конструктивен разговор, состанокот нема етничка димензија

Во Владата се одржува средбата меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Филипче пред состанокот со премиерот изјави дека очекува конструктивен разговор и оти е внимателен оптимист.
-Искрено очекувам контруктивен разговор. Навистина ми е драго што премиерот го прифати состанокот уште веднаш, рече тој.
Филипче рече дека темите што ги нафрлил на прес-конференцијата вчера, ќе се обиде подетално да му ги објасни на премиерот. Истовремено, кажа дека жали што вчера одредени политички партии се обиделе да уфрлат некаква етничка димензија и дека тоа апсолутно го демантира.
- Повикот за меѓупартиска средба беше, се уште е за сите партии со оглед на тоа што премиерот прв и веднаш прифати. Еве ќе поразговараме за темите коишто сметам дека заеднички треба да се изменаџираат, коишто никогаш досега не биле така менаџирани. Темите ги нафрлив вчера, денеска ќе се обидам подетално да му ги објаснам како и некои предлог начини, така како што ми е мене во моментот размислувањето без претензија дека тоа е вистинскиот начин. Секако дека отворен сум да разговараме за сите опции. Во однос на очекувањата еве како и секогаш да кажам дека сум внимателен оптимист, рече претседателот на СДСМ.
На новинарско прашање Филипче повтори дека ги демантира трвдењата на ДУИ потенцирајќи дека состанокот нема никава етничка димензија.
-Сите се поканети, сите лидери треба да присуствуваат понатаму на следните состаноци бидејќи ова е за доброто на државата и на сите граѓани, рече Филипче.
По средбата се очекува изјава на лидерот на опозоциската СДСМ, додека од Владата најавија соопштение од средбата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
