Филипче: Правиме анализа поради зголемената смртност од Ковид-19
Министерот за здравство, изрази загриженост за зголемената смртност кај пациентите заразени со Ковид-19 и соопшти дека прават анализа зошто е тоа така. Според неговите последни информации, во последното деноноќие починале уште пациенти.
-Точно е дека последните денови е зголемен бројот на починати како последица на ковид-19, и тоа последиве три дена. Претходно процентот беше 6,5, сега е некаде 8. Правиме анализа, не сакаме да дозволиме да имаме преполни болници. Таа анализа ќе заврши на почетокот на следната недела и ќе можеме да кажеме на што се должи и дали треба дополнително нешто да се преземе, рече Филипче.
Во последните неколку дена има и зголемен број новозаболени, но и постојано висок број починати. Така, вчера имаше осум починати, во четвртокот беа седум, исто толку во средата, а во вторникот дури девет.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба