Филипче: Потврда за вакцина или негативен ПЦР тест на сопствен трошок за сите вработени во јавниот сектор
Министерот за здравство Венко Филипче информира дека по завршувањето на состанокот на Комисијата за заразни болести одлучено е да има промена во рестриктивните мерки.
- Донесени се соодветни предлози кои ќе ги предложиме до Владата, а тоа е да сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции под овие владини институции за одење на работно место прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе имаат потврда за прележан Ковид не постар од 45 дена или потврда од лекар специјалист дека вакцината не можат да ја примат а тоа се една од ретките имунолошки состојби за што ќе излеземе со соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе можат да ги издаваат, кажа Филипче.
Филипче вели дека очекува до овие мерки да се приклучат и приватните компании.
Ново на Сител
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање