Филипче: Пациентите во Ресен имаат квалитетна здравствена заштита

Здравствениот дом во Ресен е добро организиран, пациентите во секое време ја имаат потребната квалитетна здравствена заштита, а преку вработувања на медицински кадар и зголемувања на платите на вработените се грижиме тие да бидат мотивирани и успешни во својата работа, оцени министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на оваа институција.
Тој изрази задоволство за успешното функционирање на дневната болница, воведена како новина од минатата година, и е прва од ваков тип во здравствените домови.
– Во изминативе две години се реализирани 14 вработувања. Минатата година, вработените добија повисока плата за пет отсто, а во јануари 2019 година, медицинските сестри добија повторно покачување од пет проценти, а докторите специјалисти 10 проценти, потсети Филипче.

Во рамките на посетата тој оствари средба со директорката на Здравствен дом – Ресен, Сања Андоновска и вработените, на која разговарале за новостите и активностите, кои ги спроведува оваа установа, со цел подобра грижа и услуга за пациентите.
Директорката, како што истакна, го информирала ресорниот министер дека е во тек реализирање на договорот со Институтот за трансфузиона медицина за инсталирање нов апарат за телемедицина и оти е обезбеден апарат пациент-монитор со донација за Итната медицинска помош.
– Горда сум што во Ресен имаме медицинска патронажна служба и граѓаните од околните места добиваат здравствена заштита поблиску до домот. Тие не мора да доаѓаат до Здравствениот дом за преглед, контрола или интервенција. Наш тим од пет вработени во мобилниот сервис, оди на терен, се грижи за пациентите, со што услугите ги доближуваме поблиску до граѓаните, изјави Андоновска.

Во изминатите шест месеци колку што функционира мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита, медицинските тимови направиле 472 посети.
Ново на Сител
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
-

Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани
-

Кривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправа
-

Мадуро денеска ќе се појави пред суд во САД по нови обвиненија за тортура
-

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
-

Маск сугерира дека американската влада е одговорна за ограничувањето на воената сателитска мрежа во Украина
-

Винисиус доби минимална казна, неговата суспензија можеше да биде подолга
