Филипче: Овие избори се патоказ за иднината на СДСМ, не размислувам за оставка

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по завршувањето на вториот круг од локалните избори 2025, им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање. Тој истакна дека покрај трите освоени градоначалнички места во првиот круг, СДСМ има победи и во три општини од вториот круг — Центар, Македонска Каменица и Зрновци, и изрази надеж за уште неколку општини каде што разликата во гласови е мала. Воедно, најави политички и кадровски промени во СДСМ.
Филипче упати честитки до сите новоизбрани градоначалници, но, ја критикуваше, како што рече „деструктивната власт на ВМРО-ДПМНЕ“, обвинувајќи ја за притисоци врз кандидатите и злоупотреба на институциите.
-Изминатите две недели се вршеше огромен притисок на сите кандидати од 17-те општини каде што влеговме во втор круг. Не се бираа средства ниту методи и тоа само говори дека се соочуваме со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ, како во минатото, која ги злоупотребува сите институции кои ги има под контрола, рече тој на вечерашната прес-конференција.
Согласно изборниот резултат на советничките листи, Филипче информираше дека СДСМ е втора партија во земјата и прва во опозицискиот блок.
-Ова е поттик да продолжиме понатаму силно да се бориме против оваа Влада која никогаш повеќе нема да има таква подршка како на изборите минатата година, рече тој.
Претседателот на СДСМ посочи дека овие избори, како што рече, се јасен патоказ за СДСМ и за него како претседател.
-Јасно е какви политички и кадровски промени треба да се направат, и тие ќе се случат во наредните денови, ќе има седници на Извршниот одбор и на Централниот одбор на кои ќе ги обзнанам тие промени. Секако ќе планираме и конгрес на кој ќе се дискутираат политиките за следниот период, изјави Филипче, додавајќи дека не размислува за оставка бидејќи е на функцијата кратко време.
Тој потврди дека потпретседателката Ана Чупеска поднела оставка, а во однос на прашањето дали се најавени други оставки, рече дека јавноста наскоро ќе биде информирана за дополнителни кадровски решенија.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку пет загинати во израелски напади врз Либан, тројца од нив припадници на спасувачките служби
-

Пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за дрога
-

Законските измени за укинување на техничката влада на пленарна седница
-

Трамп: Кралот Чарлс Трети се согласува дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-

Регионален форум за управување со отпад - „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“
-

Зеленски: Украина ќе извезува оружје
-

Сончево време со мала до умерена облачност
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
