Македонија
31. May 2021 - 15:06

Филипче: Оваа недела треба да стигнат 70.000 вакцини - 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во земјава неделава треба да пристигнат 70.000 вакцини, 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција, меѓутоа се уште не се знае какви.

-Оваа недела треба да дојдат 70.000 вакцини, 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција, најверојатно АстраЗенека, бидејќи се уште немаме потврда за типот на вакцините. И тоа што редовно што доаѓа секој понеделник од Фајзер и секако големата количина од Кина, од каде се уште немаме потврда кога ќе стигнат, но најавата беше на почетокот на јуни, изјави министерот Венко Филипче.

Филипче појасни дека во земјава се останати помалку од 5 000 вакцини за прва доза. Сите други се за ревакцинација на граѓаните што веќе примија прва доза.