Филипче: Од септември ќе биде ставен во функција планот за лекарска нега на затворениците
Пред неколку години ја преземавме обврската, како Министерство за здравство да се грижиме за здравствената состојба на затворениците преку тоа што лекарите и медицинските сестри тогаш преминаа во здравствените домови. Иако имаше неколку огласи за Здравствениот дом во Скопје, не се пријавија млади лекари да бидат дел од тимовите што ќе пружат ваков вид на здравствена услуга, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додае дека работат подолг временски период на тоа како да развијат модел, односно се разгледуваат неколку можности, како на пример да се даде дополнителна финансиска стимулација на лекарите кои би го работеле тоа или да има системи на ротација на лекари кои во кој било момент ќе бидат на располагање на затворите, а лекарите и лекарските тимови ќе ротираат согласно своите распореди.
Министерот најави дека планот е при крај и од септември ќе биде ставен во функција.
Во однос на количините на метадон за зависници, тој информира дека во моментов има сосема доволна количина, се очекува да се надополни една количина за следниот месец, но и сегашните резерви се доволни и не се очекува сценарио во кое ќе има недостаток на метадон.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја