Филипче: Од 1 ноември ќе се зголеми капитацијата на матичните лекари

Капитацијата на матичните лекари ќе се зголеми од 1 ноември со што значајно ќе им се излезе во пресрет за да ги надминат пред се финансиските проблеми кои во секојдневниот начин на работење им создаваат проблеми во пристапот што го обезбедуваат за пациентите и квалитетот на здравствена заштита, со оглед на тоа што оваа капитација не е променета како сума со години наназад, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Во врска со тоа колку ќе се зголеми капитацијата на матичните лекари рече дека точните калкулации ќе ги имаат во следните неколку месеци.
– Зголемувањето ќе биде значајно во смисла на тоа проблемите со кои тие се соочуваат многу полесно да ги надминат пред се во обезбедување средно медицински кадар за кој и сега одделуваат одредена сума пари, за да ја платат како дел од задолжителниот тим пропишан со законот, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање пред почнувањето на 41. Пленарен состанок на здравствената мрежа на Југоисточна Европа за работната сила во здравството во регионот на ЈИЕ.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
-

Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
