Македонија
22. јуни 2021 - 16:36

Филипче очекува колективен имунитет до крајот на летото

До крајот на летото може да стигнеме до колективен имунитет, отпимистички најави министерот за здравство. Но за да се постигне процентот за кој зборува Филипче во следните два месеци вакцина треба да примат повеќе од 300.000 граѓани кои со сегашните околу 280.000 имунизирани се половина од населението кое може да биде вакцинирано. За нив првиот човек во здравствениот ситем ги планира големите количини на вакцини од Фајзер и Синовак кои треба да се најдат во пунктовите од наредната недела.  

-Нашиот план е да се даваат некаде околу 15-20.000 вакцини на ден. Сега во овој период кога ги очекуваме големите количини на вакцини, вкупно 600.000 веќе е направен планот за тоа како ќе се распределат согласно бројот на пријавени граѓани по градови и пунктови. Во големите осум пункта каде што има фрижидери на минус 80 степени ќе бидат вакцини на ‘Фајзер’, а во другите вакцините на ’Синовак‘, затоа што тие се чуваат на температура од 2 до 8 степени, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

-И покрај ограничениот производствен капацитет и огромната побарувачка дома, Кина ја испочитува својата обврска со обезбедување вакцини за Северна Македонија. Кина е подготвена да ја продолжи соработката со Северна Македонија, како и со другите земји за да ги надминеме заедно лошите времиња, изјави Џанг Ѕуо, амбасадор на Народна република Кина.

И додека најавите се реализираат, во моментот на располагање има нешто помалку од 15.000 дози на вакцини и имунизацијата се уште е со забавено темпо. Вчера биле боцнати околу 7.000 граѓани. Доколку, пак, нема интерес кај населението за вакцинација за да се постигне колетивниот имунитет, здравствените власти планираат и вакцинирање на терен.

-Работиме на интензивни кампањи за вакцинација но има и план за теренска вакцинација и тоа во места каде што интересот за вакцинација ер многу слаб, изјави Филипче. 

Дополнителни поголеми количини на вакцини Филипче најавува и кон сдредината на јули и тоа од Фајзер и преку Ковакс механизмот. Засега нема никакви најави за руската Спутник од која беа планирани 200.000 дози.