Филипче: Обезбедуваме болнички кревети и кадар, граѓаните да ги почитуваат мерките
Министерот за здравство Венко Филипче попладнево имаше работен состанок со директорите од клиниките при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
На состанокот, соопшти Министерството за здравство, се разговараше за моменталната состојба со капацитетите на ковид – центрите и ротациите со персонал.
Системот е целосно организиран, се обезбедуваат дополнителни болнички кревети за ковид пациенти. Иако повеќето клиники стануваат ковид – центри продожува да се одвива редовниот програм за итните случаи и пациентите со малигни заболувања. Здравствениот систем секојдневно се менаџира, граѓаните треба да бидат спокојни. Министерот Филипче апелира здравствените мерки и протоколи задолжитено да се почитуваат, бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните, посочуваат од Министерството.
-Штитејќи се себе си ги штитите и вашите семејства, роднини, пријатели, познаници, а со тоа покажувате и почит кон трудот на здравствените работници, порачува министерот Филипче.
Ново на Сител
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
-

Иран негира дека целосно го блокирал Ормускиот теснец, затворен е само за американски и израелски бродови
-

МНРиНТ: Во недела почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток
-

Премиерот Мицкоски на поставување камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје
-

Сончево и топло со температури до 18 степениСончево и топло со температури до 18 степени
