Филипче: Нема потреба за нови рестрикции
Епидемиолошката состојба е мирна и не се размислува да се бара потврда за вакцинација или негативен тест на коронавирусот за влез во земјава, ниту за наши, ниту за странски државјани, но акцент треба да се стави на вакцинацијата како механизам за заштита, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Според него, нема никаква логика за едни граѓани да се бара, а за други да не се бара потврда за вакцинација или негативен тест ако престојувале во странство.
– Во таа смисла сега ситуацијата е навистина мирна. Имаме различни сценарија во различни земји во кои и покрај тоа што има рестриктивни мерки во смисла на тоа да се бараат документи, има огромен пораст на случаите. И затоа ставаме акцент на вакцинацијата како единствен механизам да се зголеми колективниот имунитет и да се спречи нов бран, изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали се планира да се бараат потврди за вакцинација или негативен тест барем за странски државјани.
Тој посочи дека во Велика Британија има огромен број нови случаи, но битно е дека нема смртни случаи и тоа е суштината, што се постигнува со вакцинацијата.
– Така се конструирани и нашите политики. Со сите овие механизми што ги имаме – кампањите, теренската вакцинација…, да се вакцинираат што поголем број на граѓани. Веројатно ќе има и нови соеви на вирусот, веројатно ќе има и нови мутации. Меѓутоа, со рестрикции не можеме да живееме. Вака ќе го вратиме нормалниот начин на живот, рече министерот за здравство во изјава по посетата на Поликлиниката во Шуто Оризари по повод отворање на нов пункт за вакцинација.
Ново на Сител
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
