-->
-->
Филипче: Нема отстапување од одлуката невакцинирани деца да не ги примаат во училиште и градинка
-->
Министерот за здравство вели дека нема ретерирање и остануваат на ставот невакцинирани деца да не ги примаат во училиште и градинка.
По неофицијалните информации дека во некои училишта не ја почитуваат одлуката и примаат деца без примени вакцини, Филипче најави дека неделава ќе заседава Комисијата за заразни болести и не е исклучена можноста да има нови препораки.
Министерот најави дека ќе бидат засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и ќе има казни за тие што не ја почитуваат одлуката. Во меѓувреме, и покрај почетокот на учебната година нема зголемување на бројот на заболени од морбили.
Минатата недела биле регистрирани 5 случаи, сите деца кои не биле вакцинирани.
Сања Димитровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест