Филипче: Нека празникот нѐ потсети колку е важно да се грижиме за здравјето, наше и на сите околу нас
Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил упати честитка по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
-Драги пријатели, Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Оваа година прославуваме различно, без големи собири и дружења. Но, празникот е време да се потсетиме кои работи се важни во животот и да се потсетиме на вистинските вредности. Една од најважните работи кои секогаш е дел од сите честитки, е доброто здравје. Иако редовно го посакуваме, често забораваме да го заштитиме или да се грижиме за него. Нека овој празник нѐ потсети колку е важно да се грижиме за нашето здравје, но и за здравјето на сите околу нас. Колку е важно да сме одговорни за себе, но и за другите. Колку е важно колективното наспроти индивидуалното,наведува Филипче.
Тој уште еднаш со потсетување за важноста од почитување на препораките и мерките од надлежните.
.-Сакам уште еднаш да ви се заблагодарам за тоа што ги почитувате мерките и што секој придонесува да го заштитиме јавното здравје. Ви посакувам добро здравје и мир. Од вас барам само разбирање за сите ограничувања кои ги наметнавме, тие беа исклучиво во заштита на здравјето на сите. Нека ни е честит празникот, стои на фб статусот на министерот Филипче.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто