Филипче најави разрешување на директорката на Охридската болница
Директорката на Охридската болница утре ќе биде разрешена поради случајот со 66-годишната жена од Струга, која почина од коронавирус, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
-Во однос на случајот со вчера починатата од Струшко, која не била хоспитализирана, според информации на Инфективното одделение во Охридската болница, сакам да ве информирам дека утре ќе биде разрешена директорката, ќе биде поставен нов директор, истакна Филипче и додаде дека денеска на увид во болницата е државниот инспекторат да утврди евентуално други одговорни.
Нагласи дека веќе е покрената постапка и упати апел до институциите целосно да ја спроведат постапката.
Основното јавно обвинителство Охрид претходно денеска соопшти дека ја истражува смртта на 66 годишната стружанка, која беше четврта жртва на коронавирусот во земјава.
Обвинителството по допрен глас отвори предмет, како што се наведува во соопштението, за смртта на лице од Струга, жена на возраст од 66 години на која и било дијагностицирано присуство на вирусот COVID 19.
-Според првичните информации, поради нагло влошената здравствена состојба кај сега починатата пациентка, матичниот лекар препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница. Но пациентката и покрај упатувањето, не е примена во болницата, се вели во соопштението на Обвинителството.
Се додава дека Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Здравствената состојба на Вучиќ е сериозно нарушена, примен е на ВМА
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва
-
Пентагон: Украина доби можност да обучува и одржува борбени авиони Ф-16
-
Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами
-
Дваесет и еден кандидат за нов македонски судија во Судот во Стразбур
-
Три лица осомничени за тешка кражба од казино во Бутел
-
Кавадарчанец фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект
-
Средба на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии