Филипче: На Светскиот ден на здравјето упатувам посебно признание до сите здравствени работници
По повод, Меѓународниот ден на здравјето, 7 април, со обраќање до здравствените работници, Министерот за здравство, Венко Филипче им оддава признание за клучната улога која ја имаат тие во здравствената нега и грижата за нашето здравје:
„Драги колеги,
Ова обраќање ви го посветувам на вас, здравствените работници. Во овие моменти, исправени пред најголемиот светски здравствен предизвик ја водиме битката на нашата генерација.
Коронавирусот од корен го измени нашето секојдневие и ќе направи трајни промени во нашите животи. Но, во оваа битка вие сте хероите. Вашиот труд и пожртвуваност спасуваат животи и токму заради вас луѓето веруваат дека ќе бидат безбедни и здрави.
Сега, здравството и здравствените работници се клучниот столб во државата. Знам дека во моментов носите огромен товарот. Заморот полека не стига сите, а не чекаат уште тешки денови. Но јас верувам дека секој од вас знае колку е важно да издржиме, да останеме посветени, сконцентрирани и да дадеме се од себе да им помогнеме на нашите сограѓани.
Драги колеги, сега е многу важно да се грижите за себе и за своето здравје. Вие сте први на удар на вирусот и морате да се штитите. Без исклучок, штитете се на работното место, но и надвор од него. Грижете се за себе, за да можете да и натаму да се грижите за пациентите.
Овој ден е ваш ден, вие сте на пиедесталот. Бидете горди на тоа што го работите, на тоа кои сте и колку сте значајни за секој од нас. Ви го честитам денот на здравјето и здравствените работници и искрено ви благодарам за се што правите да ја надминеме кризата.“
Во моментот во земјава покрај своите редовни задачи, сите здравствени работници и здравствениот систем се мобилизирани за справување со коронавирусот и зачувување на јавното здравје.
Ново на Сител
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина
-
Синер повторно го ангажираше Ферара
-
Во Гевгелија измерени 42 степена, а 40 во Скопје, освежување од недела
-
ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено
-
Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави