Филипче: Малите аптеки нема да страдаат, ќе има доволно лекови и за луѓето во малите, поодалечени места
Со укинувањето на квотите на рецепт, граѓаните повеќе нема да треба да создаваат домашни аптеки, затоа што ќе имаат достапни лекови во секое време. Малите аптеки нема да страдаат, а ќе има доволна количина на лекови и за луѓето кои живеат во малите, поодалечени места каде што има само мали аптеки коишто не се дел од големите ланци на аптеки.
Министерот за здравств Венко Филипче во дебатна емисија „Економски магазин“ на Алсат-М телевизија посочи дека со укинувањето на квотите за лекови на рецепт граѓаните ќе имаат достапни лекови во текот на целиот месец без никакво ограничување.
-Достапни ќе бидат сите лекови од позитивната листа на лекови за коишто матичниот лекар ќе препише рецепт во кој било ден од месецот. Го решаваме повеќе деценискиот проблем. Спремни сме да ги пресретнеме сите предизвици и затоа се воведува контрола во издавањето на лековите. Граѓаните ќе можат да ги подигнуваат лековите со лична карта за кој било член од семејството или за кој било што го подигнува лекот“, истакна министерот Филипче.
Филипче потенцира дека во периодот што следува резултатите од мерката директно ќе ги почувствуваат граѓаните, а дополнително ќе се зајакне системот и со воведување на нови лекови, ревизија на позитивната листа, начинот на препишување на лекови, електронскиот систем…
Во однос на нападите врз докторите, министерот Филипче го осуди секое насилство врз кој било здравствен работник и дека се прават анализи на буџетите на јавно-здравствените установи за физичко обезбедување.
Министерот Филипче рече дека преземени се сет на мерки коишто ќе ги стимулираат младите лекари да останат и да работат во државата. Со мерката и јавниот повик за шест месечен платен стаж во висина од просечна плата на општ лекар, лекарите ќе го стекнат неопходното искуство за работа со пациенти.
Ново на Сител
-
Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД
-
Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас во посета на Тетово
-
Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари
-
Доделување сертификати на 145 земјоделци за одржливо земјоделство во Преспа
-
Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на фабрика за батерии за автомобили на компанијата „ABEE“ во ТИРЗ Кичево
-
Нова американска воена помош од половина милијарда долари за Украина
-
Макрон денеска ќе го соопшти името на мандатарот за состав на влада
-
Јермак: Киев не е подготвен за преговори со Русија