Филипче: Локацијата на новиот Клинички центар ќе биде во Ѓорче Петров

На владината седница денеска помина одлуката за избор на новата локација за изградба на новиот Клинички центар. Локацијата ќе биде во општината Ѓорче Петров, изјави попладнево министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека била изготвена соодветна методологија од страна на работната група која ја основале во Министерството за здравство, а која ја сочинуваат експерти од министерствата за транспорт и врски и за животна средина и просторно планирање, агенциите за просторно планирање и за катастар.
– Се бодуваа трите локации во Карпош, Ѓорче Петров и Петровец кои стигнаа како предлози до Министерството за здравство. Овој тим експерти разработи методологија, ги бодуваше и со соодветни коефиценти ги мереше овие карактеристики, а има бројни карактеристики на земјиштето и се донесе заклучок дека е идеална локацијата во Ѓорче Петров прво заради положбата, понатаму заради тоа што најбрзо можеше да се изготват сите потребни проектни документи и заради тоа што најмалку чини, практично целото земјиште е државно, рече Филипче по посетата на ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод донација на прочистувачи за воздух.
Тој додаде дека со моделот за приватни јавни партнерства сакаат да ги искористат и постојните капацитети на приватните болници во смисла на заедничко менаџирање, за да обезбедат што подобри услови за лекување на пациентите.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
