Филипче: Ќе се обезбеди терапија за превенција од маларија

Терапијата за превенција од маларија влезе во нашиот следен тендерски интервал кој ќе почне идниот месец. Сега се обидуваме да најдеме заинтересирана компанија која преку интервентен увоз ќе достави мала количина терапија против маларија.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на состанокот на министри за здравство на Југоисточна Европа во Скопје.
Во врска на бројот на заболени од Сида, посочи дека Македонија е во групата земји кои оваа болест ја држат под контрола.
- Суштината на овој состанок е на кој начин тоа да го задржиме да биде така со оглед на тоа што имаме новонастаната ситуација во која државата првпат ги презема обврските за финансирање. Не сакаме овој транзициски период да излезе од контрола на начин на кој преваленцата ќе се зголеми. Ова е регионален состанок, а земјите од регионот исто така го поминуваат овој транзициски период и сакаат да учат од нашите искуства, рече Филипче.
Додаде дека многу тестови се на располагање за многу ризични групи и нема значаен пик на преваленцата на ХИВ.
Ново на Сител
-

Андоновски: До крајот на годината околу 30 нови електронски услуги, плус 30 преку ЕУ
-

МНРиНТ: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политичари, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог
-

Прекинато водоснабдување во населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода
-

Анкета: Рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво по настаните во Минеаполис
-

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
