Филипче: Јас ќе се вакцинирам, вакцината е безбедна

Министерот за здравство д-р Венко Филипче потврди дека ќе се вакцинира со вакцина за Ковид 19 во денешното гостување во емисијата Магазин. Филипче упати апел до граѓаните дека станува збор за безбедна вакцина, а со вакцинацијата ќе се подигне имунитетот на населението насекаде во светот и животот ќе се врати во нормала.
-Aпсолутно да, ќе се вакцинирам. Да покажам и да докажам дека треба да се вакцинираат луѓето. Вакцините се сигурни ние го пратевме нивниот процес на развој и сите фази од клиничките студии. Тоа ќе биде тоа што ќе ја смени сликата во светот. Искрено верувам дека следната есен, следната Нова Година навистина нема да има потреба за мерки никаде во светот, дека нема да има рестиркции, дека вакцината значајно ќе го подигне имунитетот и животот постепено ќе се врати во нормала - изјави министерот Венко Филипче.
Министерот посочи дека нашата земја аплицираше преку Ковакс ситемот, и во тој систем аплицираат над 15 земји во светот, сите наши соседни земји освен земјите членки на ЕУ, кои имаа можност да направат директни договори со двата најголеми производители Фајзер и Астра Зенека.
-Сите вакцини кои што се развиваат во светот во овој момент се развиваат на сосем безбедни платформи.Тоа се платформи, дали се тоа RNK, педизвикувач итн.кои што се добро познати и на која што основа се развиваат сите други вакцини кои што се достапни за другите болести на морбили, HPV - изјави Филипче.
Тој посочи дека станува збор за еден сосем безбеден и веќе установен систем кој што компаниите многу добро го знаат и имаат експертиза и искуство.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
