Филипче: Ја добивме првата битка со коронавирусот, благодарност и поддршка за здравствените работници
Враќањето на животот во нормала ќе се одвива постепено и внимателно. За да помогнеме во следниот период сите ќе мора задолжително да ги почитуваме трите правила: често миење и дезинфицирање раце, одржување најмалку два метра растојание и носење заштитна опрема (маска, марама, шал), напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Ја добивме првата битка со коронавирусот, посочува Филипче и додава дека само ако сме сите совесни и одговорни ќе успееме да ја држиме ситуацијата под контрола.
„Аплауз за здравствените работници! Посветено се грижеа за своите пациенти. Во првите редови против КОВИД-19“, напиша Филипче на својот фејсбук профил и објави видео со кое упатува поддршка и благодарност до здравствените работници во нашата земја.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција