-->
-->
Филипче: Инфективните одделенија во Прилеп, Куманово, Струмица и Велес се полни
-->
На сите инфективни одделениjа во државата хоспитализирани се вкупно 414 пациенти, кажа Филипче на денешната прес-конференција.
Филипче информираше дека во моментов целосно се полни инфективните одделенија во Прилеп, Куманово, Струмица и Велес. Пациентите од овие места ќе се препраќаат во другите градови.
„Спремна е болницата во Кочани и Кавадарци. Новото крило во струмичката болница и во други одделенија во тетовската болница, освен во инфективниот оддел. Во Скопје има 20 празни места на Инфективната клиника и 72 во монтажната болница. Првично ќе сместуваме пациенти во Инфективната клиника и монтажната болница, со цел болницата ‘8 Септември’ да може да продолжи со нормална работа и во другите оддели за други болести“, рече Филипче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот