-->
-->
Филипче: Има тешки клинички слики на пациенти со коронавирус какви што до сега лекарите не виделе
-->
Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека има случаи со млади пациенти на кои состојбата им се влошува. Тој вели дека е страшна манифестацијата на белите дробови, но и покрај сите напори кои се прават, некогаш животите на пациентите не можат да се спасат.
„За жал, имаме и сега, и денеска, многу пациенти кои се во тешка состојба. Покрај преземените мерки, за жал, кај некои од пациентите лекувањето нема ефект, има клиничка слика, манифестација, каква што навистина досега дел од колегите, посебно експертите од областа на пулмологијата и инфективната медицина, не виделе. Манифестација на белите дробови, на крвта, што едноставно нема никаков одговор на терапијата. Повторно ќе кажам, болниците се преоптеретни, но со оној систем на пренамена обезбедуваме сосема голем број на кревети“, вели Филипче.
Во врска пак со младите кои се жртви на Ковид-19, а кои немале претходни коморбидитети министерот Филипче кажа:
„Ги гледаме случувањата и во околните земји за да видиме дали има слични случаи. Колегите следат и стручна литература и сè што излегува во јавноста. Секаде во Европа, секаде во околните земји, се случува истото. Има млади луѓе кај кои влошување на здравствената состојба настанува во рок од неколку часа и едноставно и покрај целиот терапевтски пристап за да не се случи да дојде до влошување и да се спречи прогресија на влошувањето, тоа некогаш за жал не дава успех. Едноставно таква е страшна манифестацијата не белите дробови што и покрај сè што се прави, некогаш животите на пациентите не може да се спасат“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“