Филипче: Идната година ќе се инвестира во опрема во многу ЈЗУ

Идната година планираме инвестиција во опрема во многу јавни здравствени установи токму за промоција на проекти кои значително ќе го подобрат јавното здравство, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека свесни се дека треба да работат и на инвестиција во нова инфраструктура и затоа го планираат новиот Клинички центар.
– Свесни сме дека треба инвестиција во опрема и тоа го планираме за идната година, заради тоа што кога се споредуваме со просекот на рендген, магнет или компјутерски апарати на 1.000 жители споредено со земјите од ЕУ имаме значително помалку што го доведува во прашање спроведувањето на некои превентивни програми кои кај нас ги нема, рече Филипче.
Потенцира дека планираат прием на доктори и медицински сестри, коригирање и инвестиција на инфраструктурата кај што треба, точно планирање и стратегија за здравствени работници во следните пет, десет и 20 години во сите јавни здравствени установи, регионализација, промоција на моделите на приватно, јавно партнерство каде сметаат дека парите кои ги вложуваат може многу поефикасно да се искористат.
– Сето оди во насока на зајакнување на нашиот здравствен систем, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за првата несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки извршена минатата недела првпат во Република Македонија, врз 22-годишен пациент од Скопје на Универзитетската клиника за хематологија.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
