Филипче: Го подготвивме системот за нешто што никогаш не бил подготвен
Го подготвивме системот за нешто за што никогаш не бил подготвен, ниту било кој систем во светот бил подготвен да пречека ваква криза, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче во интерју за Сител телевизија.
Тој одговарајќи на прашањето околу тоа дали е подготвен за интерпелацијата, што ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, односно дали има со што да ја одбрани неговата работа, рече дека апсолутно има.
– Апсолутно. Резултатите за брзата реорганизација на здравствениот систем, одговорот којшто го дадоа здравствените работници Го подготвивме системот за нешто за што никогаш не бил подготвен, ниту било кој систем во светот бил подготвен да пречека ваква криза. Очигледно дека лидерот на опозицијата, верувам дека има долга листа, не знам дали него некој му подготвува листа за интерпелација, но ќе видиме, рече Филипче.
Ново на Сител
-
Влада: Законот за заштита на децата ќе биде доработен и доставен до Собранието
-
Сиљановска Давкова не го потпиша указот за Законот за заштита на децата за двојазични лиценци во градинките
-
Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија
-
Минатата година беше најжешката досега во Србија
-
Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица
-
Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип
-
Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица
-
Осуденик физички нападнат во затворот Идризово