Филипче: Евидентиран е уште еден заболен со индискиот сој на коронавирус во земјава
Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека кај уште еден пациент потврден е индискиот сој на корона вирусот.
Сепак, уверува дека епидемиолошките анкети покажале дека нема поголем ризик и потреба од дополнителни мерки.
До сега во Македонија, регистрирани се само двајца граѓани кои се заразиле со индиската мутација, откако првиот заболен беше откриен во јуни, а претходно престојувал во Ирак.
„Има уште еден ист таков случај кој се лекуваше во една од приватните болници. Пред два дена имавме состанок во рамките на Берлинскиот процес со германскиот министер за здравство и сите министри од регионот од Западен Балкан. Стравување од индискиот сој или некоја нова форма на мутација која може да виде позаразна од сегашните актуелни постои насекаде. Но, битно е дека сите вакцини штитат од тешка форма на бoлеста или од смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Досега епидемиолошките анкети кои се направени покажаа дека некаков ризик, а со тоа и дополнителни мерки не треба да се прават“, рече Филипче.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот