Филипче: До крајот на јуни ќе стигнат 600.000 вакцини
Министерот за здравство, Венко Филипче, тврди дека процесот на вакцинација е забавен бидејќи нема доволно вакцини. Според него, до крајот на јуни, 600 илјади вакцини треба да се пристигнати во Македонија.
„Процесот на вакцинација, споредено со она што беше претходните недели, кога стигна големата количина на вакцини од Кина е нешто успорен, поради малата количина на вакцини која што доаѓа секој понеделник. Нашата последна информација е дека 100 илјади вакцини на ‘Фајзер’ преку ковакс-системот ќе стигне на 28 јуни, а на 27 или 28 јуни, половина од кинеските вакицини ‘Синовак’ и останатата половина до вкупно 500 илјади, до 30 јуни“, вели Филипче.
Тој најавува дека наскоро, откако сите ќе добијат термини, граѓаните ќе можат и без термин да одат и да се вакцинираат на пунктови.
„До крајот на следната недела, се очекуваат овие вакцини, за да се забрза процесот на вакцинација, за да во периодот, не подолг од две недели, сите пријавени, односно 180 илјади граѓани да добијат вакцини и да се вакцинираат и потоа да ги отвориме пунктовите за сите кои сакаат да се вакцинираат на лице место“, вели Филипче.
Ново на Сител
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Девет години од настаните од „Диво Насеље“
-
Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова
-
Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски
-
Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите
-
Битиќи соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател на СДСМ