Филипче: Децата ќе бидат ослободени од приложување доказ за вакцина, прележан ковид или негативен ПЦР
Во денешната Тема на денот во Дневникот на Сител министерот за здравство Венко Филипче кажа дека децата ќе бидат ослободени од приложување доказ за вакцина, прележан Ковид или негативен ПЦР тест.
"На секое влегување и излегување од земјата како услов за нашите и странски граѓани ќе биде потребно да приложат доказ дека се вакцинирани или ПЦР тест не постар од 72 часа или доказ дека ја прележале болеста односно 45 дена. Мерката не важи за децата ќе бидат ослободени, потврдата за вакцинација е насочена кон полнолетните граѓани.
ПЦР тестот ќе важи 72 часа, а во одност на сертификатот за прележана болест како што е критериумот 45 дена. ПЦР тест ќе се бара за излез од државата бидејќи со тоа ќе покажеме дека водиме сметка и за останатите земји.
Има научни студии и од тука е и нашата препорака која јасно укажува дека подолготраен е имунитетот со вакцинација и ревакцинација отколу само со прележување. Сакаме да ги заштитиме граѓаните, точно е дека е можно да имаат антитела, веројатно е дека ќе имаат и 30 и 45 дена по прележувањето, но колективниот имунитет се стекнува со вакцинација и е докажано со научни студии дека е потраен од имунитетот кој се стекнува со прележување на болеста. Препорачана е вакцинација, секаде има протоколи, трансмисија на вирусот има таму каде што не се почитуваат протоколи, а протоколите се димензионирани така што да го штитат здравјето", кажа Филипче.
Ново на Сител
-
Додека го апселе прилепчанец украл пиштол на полицаец
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село
-
Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи
-
Кос: Во поглед на евроинтеграцијата, Северна Македонија е тажна приказна на Балканот
-
Турција подготвена да прими до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација
-
Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта
-
Ужас во Кичево: 72-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години
-
Приведен возач од Македонски Брод, возел со 2,82 промили алкохол во крвта