Филипче: Да не се крева паника без потреба, здравствениот систем е подготвен

Јавноста да не наседнува на лажни вести и да не се крева паника без потреба. Здравствениот систем е подготвен и спремни се сите капацитети на Клиниката за инфективни болести и на трите инфективни одделенија во Штип, Велес и Гостивар, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Апелираше патниците кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството, односно доколку почувствуваат некои од симптомите, да не шетаат по здравствените установи, туку да се јават на телефонските броеви на Институтот за јавно здравје.
– Со цел да не шетаат по здравствените институции, тие патници кои во моментот немаат никакви симптоми, а може да се во инкубациски период и кај кои евентуално по неколку дена се јават симптоми, да се јават на еден од телефонските броеви на локалните центри за јавно здравје и на Институтот за јавно здравје за да може тим соодветно опремен да ги посети во нивните домови, рече Филипче.
Додаде дека има сосема доволна количина на потребен материјал, односно оти располагаат со околу 40 илјади маски и 10-тина илјади мантили и скафандери, но оти се подготвува и набавка на дополнителен број.
Филипче уште еднаш апелираше да не се патува во критичните региони без итна потреба, а на денешната седница на Влада ќе се разговара за откажување на сите планирани патувања во Европа организирани од страна на државните институции.
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
